Претседателот на САД Доналд Трамп нареди формирање на вселенска команда која ќе ги надгледува воените опарации на земјата во вселената.
Трамп денеска го потпиша меморандумот на една страница, наредувајќи Министерството за одбрана да создаде нова команда за надгледување и организирање на вселенски операции, да го забрза техничкиот напредок и да најде поефективни начини да го брани средствата кои ги поседуваат САД во вселената, вклучително сателитите.
Потегот доаѓа во услови на зголемени загрижувања дека Кина и Русија работат на начин да ги нарушат, оневозможат или дури и уништат сателитите на кои силите на САД се потпираат на навигацијата, комуникацијата и надзорот.
Новата команда е одводена од целта на Трамп да создаде независна вселенска сила, но може да биде чекор во таа насока.