Најмалку шест луѓе загинаа, а 129 се повредени во пожар кој денеска изби во болница во Мумбаи, соопшти индиската полиција. Се наведува дека пожарот најверојатно бил предизвикан од краток спој во електричната инсталација. Весникот „Тајмс оф Индија“ пренесе дека биле евакуирани 49 пациенти.
Пожарите се чести во Индија, каде што ниту градежниците, ниту станарите не ги почитуваат прописите за градење и безбедност.