Од Глас за Македонија тврдат дека им забраниле пријавен протест

Архивска фотографија- протест на движењето Бојкотирам во Скопје

Од партијата Глас за Македонија денеска обвинија дека во саботата на 15 декември, бил забранет уредно пријавен протест на движењето #Бојкотирам уставни промени, чија активна членка е и таа партија. Со тоа, велат тие, им е згазено уставно гарантирано право на мирен протест.

“Ние нема да дозволиме да бидеме замолчени во овие критични моменти. За овој против уставен акт кон граѓаните, ќе бидат поднесени кривични пријави, ќе поднесеме жалба до Уставиот суд, ќе бидат информирани сите амбасади и ОБСЕ. Ако треба ќе се жалиме и до судот во Стразбур”, велат од партијата и најавуваат протести протести и инсталации на нужна опрема.

Инаку тие тврдат дека полицијата вчера не им дозволила да протестираат и да постават опрема пред зградата на Владата во Скопје.