Пакистан- потврдена смртната казна за 15 милитанти

Архивска фотографија- пакистански војници

Шефот на пакистанската војска денеска ја потврди смртната казна за 15 милитанти осудени од воениот суд за учество во последните напади во кои загиаа 32 припадници на безбедносните сили и двајца цивили. Во соопштението од пакистанската војска не се наведува каде ќе бидат извршените егзекуциите. Во него пишува и дека генералот Ќамар Џавад Бајвас исто така ги одобрил затворските казни за 20 осомничени милитанти кои се обвинети за напади на безбеносните сили и христијаните во Пакистан како и за уништување образовни институции.