МНР- автобусот кој се преврте кај Лесковац е на превозник од Струга

Архивска фотографија- зградата на Министерство за надворешни работи

Автобусот кој рано утринава се преврте на автопатот кај Лесковац, Србија, е на превозник од Струга и е со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи повикувајќи се на официјална информација добиена од српските власти. Од министерството наведуваат дека се чека на дополнителни информации, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата.

Од МНР наведуват и дека добиле информација дека за сега е идентификувана една жртва, маж на возраст од 68 години и дека имаат потврда и за две жени оти се загинати, но оти истите не се идентификувани.

Од таму додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Македонија во Белград се упатуваат кон местото на несреќата.

Според српските медиуми автобусот сообраќал од Битола кон Виена, а несреќата се случила во 1.45 минути. Од Министерството за внатрешни работи на Србија потврдија дека 32 лица се повредени. Српските медиуми јавуваат и дека возачот и совозачот не се повредени, но дека не може да даваат изјави за јавноста.