Турција основа државна вселенска агенција

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска потпиша указ со кој се одобрува формирање на Вселенска агенција на Турција, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Во декретот е посочено дека целите на Агенцијата вклучуваат развивање и спроведување на национална вселенска програма. Задачите на Агенцијата вклучуваат спроведување на вселенски мисии, со пилоти и беспилотни летови за трговски, научни и истражувачки цели. Една од целите на Агенцијата е да ја намали надворешната зависност на националната вселенска индустрија. Во мај беа објавени плановите на Турција да почне сопствена програма за подготовка на астронаути по 2023 година. За реализацијата на овој проект Анкара планира да одвои околу шест милијарди долари.