Пентагон загрижен за планираната турска офанзива во Сирија

илустрација

Пентагон предупреди дека е неприфатлива еднострана воена акција во североисточниот дел на Сирија откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави нова офанзива против курдските борци кои се поддржани од Соединетите држави. „Не треба да дозволиме милитантите на Исламската држава да земат здив во оваа критична точка со тоа што ќе нарушиме односите меѓу сојузниците“, изјави портпаролот на Пентагон Шон Робертсон.