Стотици француски полицајци ја продолжуваат потрагата по 29 годишниот напаѓач кој со извици „Господ е голем“ на арапски јазик отвори оган во познатиот божиќен пазар во Стразбур. Во нападот загинале три лица, додека 12 други биле ранети. Француската полиција го идентификува напаѓачот како Чериф Чекат. Полицијата и со предупредување до граѓаните дека станува збор за опасна личност и затоа да не дејствуваат на своја рака.