Меј: продолжуваме со Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј, по победата на гласањето за доверба, изјави дека ја продолжува работата околу Брегзитот и оти е потребно политичарите да се обединат. „По ова гласање треба да продолжиме со работата околу спроведувањето на Брегзитот за британскиот народ и со градење подобра иднина за оваа земја“, рече таа, наведувајќи дека одговорност на пратениците на владејачката Конзервативна партија е „да ја обединат земјата која ќе работи во полза на сите“.