НБРМ ја намали основната каматна стапка на 2,5 проценти

Илустрација

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 на 2,5 проценти. Одлуката, како што информираат од НБРМ, е донесена на вчерашната редовна седница на Комитетот на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. НБРМ соопшти дека намалувањето на каматната стапка „е одраз на натамошните поволни движења на девизниот пазар, што упатуваат на солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти“.

НБРМ соопшти дека растот на БДП во третото тримесечје од годинава бил три проценти. Инфлацијата во периодот јануари-ноември била 1,5 отсто.