Србија попладнево на Меѓувладина конференција отвори две нови поглавја во преговорите со ЕУ. Поглавјето 17, кое се однесува на економската и монетарна политика и поглавјето 18 за статистиката.
„Напредокот во овие поглавја е клучен за натамошни структурни реформи и економски раст во Србија“, изјави евркомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Тој притоа повика реформите и економскиот раст да бидат одржливи.Српската министерка за Европа, Јадранка Јоксимовиќ изрази задоволство за отворањето на новите две поглавја, иако,порача дека земјата сметала оти „може да отвори и повеќе“.