Заев – Нема општа амнестија и покрај штрајкот во Идризово, туку само за „27 април“

Премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека во наредниот период не се планира носење на закон за општа амнестија. Се разговара само за амнестија за настаните од 27 април во Собранието, но, како што наведе, исклучувајќи ги сите оние кои учествувале во насилството, организацијата или биле осмислувачи на „ваквите грозоморни настани“.

Тој потврди дека добил писмо од осудениците од Затворот во Идризово дека ќе штрајкуваат со глад, доколку се донесе амнестија само за учесниците од настаните од 27 април, од страна на телото за помирување.

Заев рече дека закон за општа амнестија веќе бил донесен пред неколку месеци.

Во меѓувреме, од Затворот Идризово за МИА потврдија дека две третини од затворениците одбиваат храна и најавиле дека штрајкот ќе трае два дена. Тие бараат амнестија за сите и се закануваат дека ако барањата не им бидат исполнети, нивните семејства ќе протестираат пред владата.