Париз се подготвува за нови протести

Протести на „Жолтите елеци“ во Париз на 1 декември 2018

Строгите безбедносни мерки утре ќе го затворат центарот на Париз, како дел од обидот на француските власти да спречат нови насилства на антивладините протести. На улиците ќе бидат распоредени 8.000 полицајци, а началникот на полицијата идентификуваше 14 сектори од висок ризик кои ќе бидат испразнети, меѓу кои и авенијата Шанзелизе. Полицијата од тие подрачја ќе тргне сè што може да биде користено во нередите.

Ширум земјата ќе бидат распоредени околу 89 илјади полицајци, за разлика од 65 илјади минатиот викенд, кога беа повредени 130 луѓе, а беа уапсени над 400.