Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. 05.12.2018.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува протест пред Владата во Скопје. Денонстрантите до Владата маршираа од пред партиското седиште на плоштадот ВМРО и извикуваат „Оставка, оставка“, „Македонија“, „ВМРО-ДПМНЕ“ и „Едно име имаме.“

Тие исто така носеа транспаренти на кои е напишано „Црна економија“, „Црнила“ и „Распродажба на државата.“

На собирот пред Владата ќе одржи говор лидерот на партијата Христијан Мицкоски.