Компанијата Антена група, водечка медиумска корпорација во југоисточна Европа, во чија сопственост се Прва телевизија, О2 ТВ, Прва ТВ Црна Гора, Плеј Радио, шест кабелски канали и три портали прва.рс, о2тв.рс и б92.нет, вчера постигна договор со бизнисменот Срѓан Миловановиќ за преземање на 100 проценти од основачките права на Антена групата во Србија и Црна Гора. Вредноста на аквизицијата изнесува 180 милиони евра, соопшти Антена груп. Постапката за издавање дозвола од страна на регулаторните тела е во тек, стои во соопштението.
Истражувачката мрежа БИРН објави дека Срѓан Миловановиќ е брат на функционерот на Српската напредна партија Звездан Миловановиќ.