Рочиште за 27 април- Младеновски смета дека сите од кафулето „Дион“ биле искористени

Архивска фотографија- судeње за насилствата во Собранието на 27 април 2017

Откако во Кривичниот суд во Скопје на денешното рочиште за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, обвинетиот Михаил Младеновски, при изнесување на одбраната, наведе дека структури на Управата за безбедност и контраразузнавање го организирале упадот во Собранието, неколкумина му поставуваа вкрстени прашања при што Младеновски се согласи дека сите дента се нашле во кафулето „ДИОН“ биле искористени.

Младеновски повтори дека биле изманипулирани од страна на поединци поради заштита на лични интереси. На прашањето од Никола Митрески-Кољо дали ќе се согласи дека никој во кафулето „Дион“ не знаел за сценариото и оти сфатиле дека се изманипулирани, Младеновски рече се согласува со тоа.

Вилијам Михајловски го праша Младеновски дали е шпион бидејќи рекол дека не е соработник, а прашањето му произлезе од тоа што Младеновски е на слобода, а тие во притвор. Судијката Добрила Кацарска не дозволи Младеновски да го одговори со образложение дека е прашањето е навредливо. Рочиштетото продолжува со изнесување на одбраната на обвинетиот Захарие Симовски.