Лансирана ракетата Сојуз со тројца космонаути

Руската ракета Сојуз денеска беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан

Руската ракета Сојуз денеска беше лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан. Таа треба да однесе руски, американски и канадски космонаут на Меѓународната вселенска станица. Ова е прво лансирање на ракета со посада, по неуспешната мисија во октомври годинава.

На ракетата се космонаутите Олег Кононенко од Роскосмос, Ен Меклејн од НАСА и Давид Сен-Жак од Канадската вселенска агенција. Ракетата треба да стигне на Меѓународната вселенска станица во 18:40 попладнево.

Лансирањето беше суспендирано два месеци, откако на 11 октомври, ракетата, на која беа космонаутите Алексеј Овчинин и Ник Хаг, се расипа две минути по полетувањето, но космонаутите безбедно се приземјија.