Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потсети дека Алијансата е подготвена да го потпише пристапниот протокол со Македонија штом биде имплементиран Преспанскиот договор. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, непосредно пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Столтенберг повтори дека сега македонските власти треба да го завршат својот дел од работата.
Тој додаде дека штом се потпише пристапниот протокол, македонската влада ќе почне да присуствува на министерските состаноци на Алијансата.