Речиси целосно згасна увозот на српски производи во Косово

Косово - Во северна Митровица, протести на поради царината што ја наметна владата на Косово за увоз на стоки од Србија. Северна Митровица, 28 ноември 2018 година

Увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина во Косово бележи драстичен пад откако Владата во Приштина пред една недела воведе такса од 100 отсто на производите од тие земји, јави МИА од Приштина.

Портпаролот на Царината на Косово, Адриатик Ставилеци изјави за приштинскиот портал дека вредноста на стоките кои влегуваат во Косово од Србија е мининална споредено со онаа пред воведувањето на таксата.

"Реално, додека пред владината одлука имавме по 100 до 120 шлепери од Србија и Босна и Херцеговина, главно од Србија, сега, по донесувањето на одлуката за 100 отсто царина, имаме оцаринето само два товари", изјави Ставилеци.

Тој информира дека двата увезувачи, кои пренесувале суровини, ја платиле таксата од 100 отсто и дека ги исполниле условите од декларацијата, пропишани со последната одлука на Владата.