Неколкумина од 24 та морнари од трите украински поморски бродови, кои беа заробени од Русија во Азовското Море минатиот викенд, биле префрлени во притвор во Москва, објави адвокатот Џемил Темишев.Тој на Фејсбук денеска напиша дека неговите "колеги" во притворниот центар Лефортово во Москва го информирале дека некои од украинските морнари биле донесени таму. Емине Амамилева, друг адвокат кој ги брани морнарите, рече дека Украинците биле "однесени со авион" во Москва, а адвокатите не можеле да кажат дали сите или само некои морнари. Засега нема реакција од руски официјални лица.
Познатиот кримски активист Нариман Џељал за Радио Слободна Европа денеска изјави дека ранетите украински морнари, кои на 25 ти ноември беа запленети од руските сили на брегот на полуостровот Крим, биле префрлен од градот Керч во главниот град на Крим, Симферопол.
Руската новинска агенција ТАСС истиот ден објави дека тројца украински офицери ранети во инцидентот биле ослободени од болница во Керч. Претходно оваа недела, судот во Симферопол, управуван од Русија наложи 15 од заробените морнари да бидат задржани во притвор на два месеца, и покрај меѓународните повици за нивно ослободување.