Ердоган сака да посредува во спорот меѓу Русија и Украина

Архивска фотографија: Претседателите на Украина и на Турција, Петро Порошенко и Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека разговарал со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, за можноста да биде посредник во смирувањето на тензиите настанати по инцидентот меѓу Москва и Киев кај Керчскиот Теснец.

„Можеме да ја преземеме улогата на посредник. Разговаравме за тоа со обете страни“, рече Ердоган по вчерашните телефонски разговори со Путин и Порошенко.