Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ изјави дека неговата земја ќе биде првата следна членка на Европската унија. Обраќајќи се пред студентите на Оксфорд, Ѓукановиќ рече дека единствено обединета Европа е стабилна Европа. Тој истакна дека Црна Гора не е оптоварена со рокови и оти без разлика дали ќе биде или не членка на ЕУ, на своите граѓани ќе им обезбеди европски стандард. Коментирајќи ги односите меѓу Москва и Подгорица, Ѓукановиќ посочи дека и покрај дипломатската традиција и пријателството од неколку векови, поради судирите на глобалната сцена, изгубена е можноста за Црна Гора да балансира меѓу традиционалното пријателство и одлучноста да живее во нов вредносен кодекс.
Ѓукановиќ: Црна Гора ќе стане првата следна членка на ЕУ
Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора