Судење за „Маѓар телеком“ откако СЈО го презеде предметот

Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство - СЈО

Судењето за случајот „Маѓар Телеком“ продолжува, по прекин од 2011 година. Сега обинението го застапува Специјалното јавно обвинителство. Во овој предмет обвинети се тројца поранешни директори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот. Има сомневања и за вмешаност на македонски политичари и функционери, кои примале мито. За овој предмет се води судска постапка во САД и веќе е во завршна фаза. Судењето во Македонија беше заглавено од 2011 година и е во фаза на доказна постапка.