Украина прогласи воена состојба во период од 30 дена

Мапа на Украина, при што областите во кои е прогласена воена состојба се обележани со црвена боја.

Украинскиот Парламент гласаше „за“ прогласување на воена состојба во период од 30 дена по запленувањето на три украински поморски бродови од страна на Русија. По вжештената дебата пратениците го поддржаа барањето на претседателот Петро Порошенко при што воената состојба ќе стапи на сила од среда на 28 ноември.

Законот за воведување на воена состојба ќе биде спроведен во реоните на земјата кои се најосетливи на „руската агресија“. Бродовите беа заплените во теснец во близина на полуостровот Крим кој е анектиран од Русија.