Британската премиерка Тереза Меј е се уште уверена дека Парламентот ќе го одобри договорот за Брегзит. Според нејзиниот портпарол, Владата е фокусирана договорот да помине уште во првото гласање.
Многу законодавци изјавија дека ќе гласаат против него, вклучително и во конзервативната партија на премиерката на Меј. Лидерите на Европската унија вчера ги одобрија двата клучни документи за заминувањето на Британија од Унијата следната година.