САД и НАТО со осуда за Русија

Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли

Американскиот амбасадор во ОН, Ники Хејли за време на денешниот состанок на Советот за безбедност ја предупреди Русија дека запленувањето на трите украински бродови е прекршување на суверенитетот на украинската територија. Според неа, тоа е арогантен акт кој треба да биде осуден од меѓународната заедница.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги ослободи бродовите и морнарите. Тој порача дека нема оправдување за користењето на воена сила од страна на Русија против украинските бродови и морнари. Според него, сите сојузници изразиле поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.