Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека на Парламентот му препорачал воведување на воена состојба на 30 дена, наместо на 60 дена, како што претходно беше најавено од неговиот Безбедносен совет. Според Порошенко, воената состојба би стапила на сила од среда на 28 ноември и нема да вклучува ограничувања за граѓаните или одложување на изборите предвидени за наредната година.
Русија заплени три украински поморски бродови во теснец во близина на полустровот Крим које анектиран од Москва со што се зголемија тензиите меѓу двете земји.
Доколку Парламентот го прифати декретот на Порошенко за воведување на воена состојба тоа ќе биде прв таков чекор на земјата по руската анексија на Крим и започнувањето на конфликтот во источна Украина.