Фондацијата „Отворено општество“ денеска соопшти дека ги прекинува своите активности во Турција. Фондацијата на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос нагласи дека причината за таквата одлука се „неоснованите тврдења“ на турските медиуми кои создале сосотојба во која фондацијата не може нормално да работи.
Дополнителен притисок врз фондацијата, како што наведуваат, бил извршен со истрагата што ја започнало турското Министерство за внатрешни работи, за нејзината наводна поврзаност со масовните протести во Турција во 2013 година.