Семејствата на убиените во Диво Насеље протестираат во Пеќ

Апсење на терористичка група во Куманово на 10 мај 2015

Членови на семејствата на убиените во судирите во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година протестираат пред хотелот Дукаѓини во косовскиот град Пеќ, каде што се одржува заедничка владина седница на владите на Косово и на Албанија.

Меѓу транспарентите што ги носат учесниците на протестот има и такви кои прашуваат каде се останатите членови на кумановската група, како и пораки дека заштитата на воените ветерани е морална обврска на Косово.

На една од пораките се вели дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избега токму преку Албанија, пред да добие азил во Унгарија.

Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, а околу 40-тина беа повредени. Беа убиени и 14 напаѓачи.

Пред една година, 34 луѓе беа осудени за тероризам и терористичка организација за поврзаност со вооружените судири во Диво Насеље. Осуммина беа осудена на доживотен затвор, додека најмалата изречена казна беше 12 години. Четворица од обвинетите беа ослободени од одговорност.