Катругалос: Обновена е добра рамка на соработка со другата страна

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, во интервју за грчкиот информативен портал „Њуз 247“, коментирајќи го текот на уставните измени кај нас изјави дека е обновена многу добра рамка на комуникација и соработка со другата страна.

Тој вели дека не се сомнева ниту дека „соседната земја ќе го почитува духот на Договорот од Преспа“, ниту дека договорот ќе се ратификува во Грција, јави МИА од Атина.

"Обновена е една многу добра рамка на комуникација и соработка со другата страна, во која ги следиме случувањаτа. Не се сомневам дека нашите соседи, како и ние, го почитуваат духот на Договорот од Преспа и дека ова ќе има точен одрази имплементација во уставната ревизија што е во тек", вели Катругалос.

Во врска тоа дали Договорот од Преспа ќе стигне и ќе помине во грчкиот парламент, Јоргос Катругалос го повторува неговиот став изразен и од Солун за време на министерскиот состанок.

"Од почеток реков дека немам ни најмал сомнеж за ратификацијата на договорот", одговара алтернативниот шеф на грчката дипломатија во интервјуто за „Њуз247“