МПЦ има нов владика

Поглаварот на МПЦ Господин Господин Стефан држи говор

Претпладнево во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, во селото Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изврши хиротонија на новоизбраниот епископ полјански Јаков.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан заедно со членовите на Синодот отслужи и Божествена литургија за хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков.

"Како помошен епископ трудете се се постојано да го проповедате Светото евангелие. Бидете постојано исполнет со љубов за сите и со трпение кон сите. Поучувајте со збор, но најмногу со добар пример", порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во обраќањето по завршувањето на Божествената литургија.

Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“ во Ново Село,Струмичко. Тој е новиот, тринаесетти владика во Синодот.

Сега ја носи титулата епископ полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички, господин Наум.