Состанок на телото за помирување идната недела

Илустративна фотографија.Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Состанокот на координативното тело за помирување и интеграција, кој требаше да се одржи вчера, се одложи за идната недела. Според информациите во понеделник нема да има состаник , со оглед дека е закажана нова пленарна седница, а ниту во четврток затоа што тогаш се одржува редовната седница.

Јавноста очекува од Координативното тело за помирување да донесе нов закон за амнестија за случувањата во Собранието на 27 април минатата година.