СДСМ: Секојдневно се преземаат мерки против загадувањето,ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните се гушат

Архивска фотогрaфија: Протест против загадување на воздухот во Скопје.

СДСМ денеска изезе со соопштение во кое се наведува дека владата , Министерството за животна средина, општините, Град Скопје и сите надлежни институции континуирано работат на решавање на проблемот со загадувањето,

"Катастрофата наследена од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што уништуваше сè што е здраво и зелено, денес се решава со многубројни активности на централно и локално ниво, со единствена цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани", се вели во соопштението на СДСМ.

Според партијата, преземени се повеќе мерки меѓу кои се наведуваат усвојувaње на планот за чист воздух за кој ќе се одвојат 1,5 милион евра, засилување на капацитетите на инспекциските служби, расчистување на диви депонии, лоцирање и санкционирани на физички и правни лица загадувачи на воздухот.

"Покрај засадените над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за зазеленување, каде што ќе бидат засадени над 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини. На депонијата „Дрисла“ обезбеден и ставен е во функција новиот филтер за апсорбирање на ПМ 10-честичките, Активно се работи на проектот за гасификација" се наведува во соопштението во кое се наведуваат дел од преземените мерки. .

Во врска со мерките на Владата меѓу другото се потсетува дека е донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиона денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката ‘Југохром’.

Претходно ВМРО ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека Скопје и Македонија се гушат во загаден воздух,и обвини дека премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопјев Петре Шилегов не преземаат ништо.

"Веќе неколку недели по ред Скопје е меѓу најзагадените градови во светот. Како последица на неодговорниот пристап на црната власт на СДСМ кон животната средина десетици граѓани завршуваат на лекар секој ден поради проблеми со здравјето настанати заради загадениот воздух.Граѓаните се соочуваат со реални здравствени проблеми заради загаденоста, а власта само ги завива во црно нивните животи"соопшти ВМРО ДПМНЕ

Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето”, се додава во соопштението.