Иран: Oбвинувањата на САД за хемиско оружје се "опасни"

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф,

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вели дека обвинувањата на САД оти Иран има програма за хемиско оружје се "непристојни и опасни". Зариф, вчера , напиша на Твитер дека " ваквите тврдења "од земја која го поддржувала Ирак во употреба на хемиско оружје од страна на Ирак против Иран, а потоа го нападнала Ирак за наводно да се ослободи од нив, не е само непристојно, тку е и опасно". Коментарите на Зариф доаѓаат еден ден откако еден американски претставник тврдеше дека Иран рзвива програма за добивање на забранета токсична муниција. Овие обвиненија биле поднесени до Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОКХВ) во Хаг на 22 ноември од страна на Кенет Вард, американскиот амбасадор во ОЗХВ, меѓународна органзиација за спречување на хемиски војни. "Соединетите Држави имаа долгогодишна загриженост дека Иран одржува програма за хемиско оружје што не успеа да биде објавена од ОЗХО", рече Вард.