Чешката влада го преживеа гласањето недоверба

Архивска фотографија- премиерот на Чешка Андреј Бабиш

Чешката коалициска влада денеска го преживеа гласањето на доверба иницирано поради финансиски скандал во кој наводно е вмешан премиерот Андреј Бабиш. За недоверба на владата гласаа 92 пратеника, а за да помине иницијативата потребни беа 101 глас. Бабиш е обвинет за малверзација со европските субвенции за фарма која ја препишал на роднини, меѓу кои е и неговиот син. Минатата недела во Прага и во други градови низ Чешка излегоа илјадници луѓе кои бараа оставка од Бабиш.