Повеќе од 1 800 000 луѓе побарале азил во Германија во последниве пет години, покажуваат официјалните податоци на германските власти кои денеска ги објави германскиот весник Билд. Според податоците, барањата за азил драстично пораснале од периодот во 2013 година кога изнесувале 123.581 до периодот од 2015 година кога изнесувале 723.938.
Оваа година бројот на баратели на азил повторно се намалил до нивото од 2013 година. Во одговорот до пратениците од Партијата на слободни демократи германската влада наведе дека една третина од барателите на азил се од Сирија, а следни по бројност се државјаните од Авганистан и Ирак.