Русија работи на поткопување на слободата на говорот и дома и во странство и го зголемува притисокот врз независните медиуми, предупредија САД на состанокот на ОБСЕ. Вашингтон исто така побара ослободување на украинските и чеченските новинари затворени во Русија и во областа контролирана од проруските сепаратисти во источна Украина. Вршителот на должност американски амбасадорот во ОБСЕ, Хари Камиан, на вчерашниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена изразија загриженост поради извештаите за заплашувања и закани против независниот весник Новаја Газета. Камина побара ослободување на украинскиот новинар Роман Сушченко и на режисерот Олег Сенцов, кои беа осудени за шпионажа и тероризам на долгогодишни затворски казни, како и ослободување на новинарот Станислав Асејев, соработник на Радио Слободна Европа, кој е во заробеништво во источна Украина.