Најмалку 27 луѓе загинаа, а 50 се ранети во експлозија во џамија во база на авганистанската војска во источната провинција Хост. Експлозијата одекнала за време на молитвата. Локалните власти стравуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.
Претставници на авганистанското Министерство за одбрана соопштија дека засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но Хост е упориште на мрежата Хакани, која е поврзана со талибанците.