Напад врз кинескиот конзулат во Карачи, напаѓачите убиени

Акција на безбедносните сили за време на нападот врз кинескиот конзулат во Карачи

Пакистанската полиција уби тројца бомбаши-самоубијци пред да успеат да влезат во кинескиот конзулат во Карачи. Пакистанските власти оценија дека нападот заговор против стратешката соработка меѓу Исламабад и Пекинг. Во нападот биле убиени двајца полицајци и двајца Пакистанци, кои аплицирале за кинеска виза.

Одговорноста за нападот ја презеде сепаратистичката организација Ослободителна војска на Балучистан. Тие соопштија дека нападот е поради тоа што Кина ги експлоатира ресурсите на Балучистан и оти акцијата ќе продолжи.

Пакистанската полиција соопшти дека состојбата сега е под контрола и оти сите 21 вработени во конзулатот се сигурни.

Пакистанскиот премиер Имран Кан нареди истрага за нападот, оценувајќи го како заговор против стратешката соработка меѓу Кина и Пакистан.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, на редовниот прес-брифинг во Пекинг рече дека „Кина остро ги осудува сите насилни напади против дипломатските агенции“ побара Пакистан да преземе практични мерки за да ја осигура безбедноста на кинеските граѓани и институции во земјата.

Кина е близок сојузник на Пакистан и инвестираше милијарди долари во земјата во последните неколку години како дел од големиот инфраструктурен проект – Кинеско-пакистанскиот економски коридор, кој треба да ја поврзе кинеската западна покраина Синџијанг со пристаништето Гвадар на Арапското Море.