Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека менувањето на уставот на земјата за да се потенцира стратегиската цел на Киев да им се приклучи на НАТО и ЕУ ќе испрати силна порака до Москва. Тој ова го изјави во обраќањето во парламентот при што оцени дека Русија е агресор и нема да и се дозволи да има „вето“ врз намерата на Украина да стане членка на НАТО и ЕУ. Порошенко додаде дека тоа е суверено право на Украина.