Косовската полиција уапсила синоќа неколку граѓани кои во центарот на Приштина, на плоштадот Скендербег палеле српски производи. Приштинската телевизија Т7 која директно го пренесуваше настанот пренесе дека меѓу притворените бил и претседателот на навивачите на фудбалскиот клуб Приштина Аљберт Кастрати. И во некои други места на Косово вчера биле палени производи од Србија како реакција на одлуката на косовската влада да ја зголеми таксата за увоз на овие производи од 10 на 100 насто и да ја забрани продажбата на артикли во кои како земја на увоз не е наведено уставното име.