Истражувачката група Белингкет и рускиот портал Инсајдер објавија дека го утврдиле идентитетот и на вториот припадник на руската воена разузнавачка служба ГРУ, обвинет за обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 година. Во процесот кој е во тек пред Вишиот суд во Подгорица, двајца припадници на ГРУ се обвинети за организирање на пучот во октомври 2016 година на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Нивната наводна цел била смена на власта, односно спречување на влегувањето на Црна Гора во НАТО. Белингкет и Инсајдер порано објавија дека еден од нив двајцата бил Едуард Шишмаков, а сега открија дека името на вториот осомничен е Владимир Николајевич Мојсејев. Досега тој бил познат под името Владимир Попов.
Објавен идентитетот на вториот припадник на ГРУ, обвинет за пучот во Црна Гора
Црногорските полицајци придружуваат човек осомничен за планирање вооружен напад по парламентарните избори во Подгорица, 16 октомври 2016 година