Џафери: ЕУ и НАТО се врзното ткиво на нашата држава со соседите, регионот и светот

Претседателот на Собранието Талат Џафери

Под мотото „За нас Сонцето изгрева на Запад“ синоќа во Македонската филхармонија се одржа свечена академија по повод 110 години од Битолскиот конгрес, односно Денот на албанската азбука. На свеченоста свое обраќање имаа претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европки прашања Бујар Османи чиј Секретаријат за европски прашања беше задолжен за организација на свеченоста. Џафери го истакна историското значење на Битолскиот конгрес како најзначаен национален собир во политичката и културната историја на Албанците. Премиерот Заев пак изјави дека јазикот и азбуката се дел од генетскиот код на еден народ. „Наша должност, должност на државата е да го чува и негува јазикот и писмото на секоја нејзина заедница, за што не повикуваат европските вредности што ги прифативме како наши на патот на нашата интеграција во ЕУ“. Пригодни обраќања имаа и гостите на свеченоста, претседателите на Албанија и на Косово Илир Мета и Хашим Тачи.