Во Македонија ќе биде променливо облачно, наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната од девет до 15 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 11 степени.