Шпанскиот премиер повторно се закани со блокада на Брегзитот

Шпанскиот премиер Педро Санчез

Шпанскиот премиер Педро Санчез повторно се закани со блокада на спогодбата за Брегзитот ако до недела, кога е закажан самитот на ЕУ за ова прашање, не се признае директната улога на Шпанија во преговорите за иднината на Гибралтар. Според него, положбата на оваа британска енклава од седум квадратни километри на југот на Шпанија треба да се дефинира, меѓу Британија и Шпанија, а тоа не било гарантирано во спогодбата за британското излегување од Европската унија.