Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, во врска со унгарскиот азил за Никола груевски, денеска изјави дека е „иронија и парадокс земја членка на ЕУ да му даде заштита на осуденик“.
„Македонија во решавањето на случајот со унгарските власти ќе инсистира на почитување на владеење на правото и ќе ги земе предвид сите национални интереси вклучувајќи и интересот за добри односи со Унгарија“, рече на денешната заедничка пресконференција во МНР шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, со неговиот дански колега Андерс Самуелсен.