Тодориќ излезе од затвор и најави кандидатура за претседател на Хрватска

Тодириќ вчера беше пуштен од затвор со кауција од милион евра

Ивица Тодориќ, поранешниот директор на хрватската компанија „Агрокор“, кој е осомничен за присвојување на 100 милиони долари, планира да се кандидира за претседател на Хрватска, објавија хрватските медиуми.

„Ќе ја освојам власта и ќе ја насочам Хрватска во вистински правец, ќе се кандидирам на изборите“, изјави Тодориќ за хрватските медиуми.

Тој вчера беше пуштен од затвор со гаранција од еден милион евра и денеска ја најави својата кандидатура. Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат кон крајот на следната година.