Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е во интерес на Германија да го поддржи Глобалниот договор за мигрантите, кој САД, Унгарија и Полска го одбија. Таа пред германските пратеници рече дека Договорот на мигрантите ќе им обезбеди услови какви што во поголемиот дел од Германија веќе ги имаат.
Официјален Берлин смета дека со овој необврзувачки договор, што треба да биде усвоен следниот месец, ќе се намали приливот на мигранти во Германија, бидејќи, согласно договорот, ќе им бидат обезбедени соодветни услови и на други места, не само во Германија.