На доживотен затвор денеска во Турција беа осудени 74 лица, меѓу кои и војници, поради нивната улога во обидот за преврат во јули 2016 година, објавија турските медиуми. Осудени се на строг доживотен затвор под обвинение за „обид за промена на уставниот ред“ и немаат право на амнестија.
По обидот за преврат турските власти спроведоа огромна чистка против наводни поддржувачи на Ѓулен, апсејќи околу 160.000 лица, меѓу кои универзитетски професори, воени и државни службеници. Од нив, според Министерството за внатрешни работи, 77.000 се официјално обвинети и ставени во притвор додека трае судскиот процес против нив.