Владата на последната седница усвоила нов Закон за фитофармација, предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, според кој за прв пат во Македонија се дозволува да се употребуваат живи организми во борба против штетници и болести во земјоделието.
„За првпат се дозволува законска употреба на живи организми во борба со болести и штетници, како што се инсекти и други животни кои се хранат со штетниците на растенијата, а при тоа не ја загрозуваат животната средина. Се регулира и се дава можност за употреба на овие живи организми на т.н минорни култури, како магдонос, аспарагус, морков, лук. За овие култури досега не постоеше соодветна заштита од болести и штетници, поради што земјоделските производители трпеа огромни штети“, соопштија од Министерството за земјоделство и шумарство.